„Нема никаква забрана за издавање викендици на семејства и едно семејство да може да биде во некоја викенд куќа каде било на територијата на нашата земја, но секако дека е кривично дело издавање викендица на групи на луѓе.“ соопшти денеска министерот Оливер Спасовски.
„Не е идејата да донесеме одлука дека рестораните, хотелите не можат да работат после 18 часот, а од друга страна да отвораме нови такви објекти, да ги имаме во околината на Скопје, во Сопиште, Маврово, Охрид … Зошто би била забраната за рестораните и хотелите ако тоа некои може да го прават во викендиците?“, рече Спасовски.
„МВР ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила врз основа на законот. Таму каде што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викендици ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави“, рече Спасовски одговарајќи на прашањето како ќе се постапува.