Спасовски: Корупцијата намалена за 22% во споредба со лани

Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, корупцијата во првите шест месеци од 2023 намалена за 22 проценти во споредба со лани.

Спасовски наведува дека досега имало 47 кривични дела, кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари.

„Злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи–26, несовесно работење–девет кривични дела, примање поткуп–шест, давање поткуп–четири, по едно кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување“, вели Спасовски во објавата на Фејсбук.