Спасовски: Ќе расчистиме со криминалот па нека е и од ДУИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека не е во интерес на владата да не не расчисти со криминалот, дури и кога станува збор за коалицискиот партнер ДУИ.

Во вчерашното гостувањее на 1Тв, Спасовски рече дека не верува дека која било партија се плаши од расчистување со криминалот, дури и во своите редови, затоа што така се јакне демократијата во самите партии и се зголемува довербата кај граѓаните.

Министерот оцени дека генерално нема зголемување на криминалот, туку напротив, има намалување.