Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тоа што се пласирало во медиумите се шпекулации и дека вистинските моменти ќе ги појасни МВР.

„Одговорност ќе има за тој што направил прекршок. Тука, нема дилема, кој сака нека е. Дали е министер, дали е директор, дали е обичен граѓанин. За секој еден ако направил прекршок“.

Помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен, полицајците пријавиле дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат.