Екс министерот за внатрешни работи во техничката влада во 2020 година Наќе Чулев кој беше гостин на емисијата Заспиј ако можеш смета дека елиминирањето на системот за проверка на интегритетот на вработените и лидерите на службите за безбедност е свесна оперсција на власта да скрие криминал.
Полиграфско друго тестирање на интегритетот на луѓето од тајните служби е предуслов за расчистување со длабоката држава во Македонија.
Чулев смета дека тајните служби намерно не сакаат да се соочат со полиграфско тестирање затоа што ќе се види дека тие се можни соработници на мафијашки групи или непријателски служби.
Екс министерот кој бил и директор на Агенцијата за разузнавање ги предизвикува на ,,Полиграф пресметка” шефовите на Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и министерот за полиција Оливер Спасовски.
Тој е уверен дека соочување на полиграф ќе покаже кој е криминалец и кој работи за непријателски служби.
Делот од емисијата на оваа тема
💥 Ајде сите на јавен полиграф па да видиме кој е закана по националната безбедност на Македонија, а кој соработник на Руската служба 🤣
– pic.twitter.com/o6pOtL6OUo— Демир (@Trollowsky) November 29, 2022
Целата емисија каде се анализираат многу интересни теми поврзани со безбедноста.