Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од СДСМ и заменикот министер Назим Буши се наоѓаат во тешка ситуација откако завчера по интервенција на високи полициски структури полицајци по опасна потера на патот кон Косово фатиле и веднаш ослободиле син на висок полициски функционер кој се обидел да бега од полицијата контрола.
Внатрешната контрола во МВР има законска обврска да постапува по инцидентот во кој покрај синот на високиот полициски функционер се вклучени и други лица од командната структура на МВР.
Доколку Внатрешната контрола која денеска преземала првични активности за расветлување на случајот се обиде да скрие дел од доказите кои не можат да се уништат, луѓето од овој сектор кои ја проверуваат законитоста во работата на полициските службеници можат да завршат дури и в затвор.
Полицајците кои го запреле синот на полицискиот функционер кој е член на владата најпрвин јавиле дека тргнуваат во потера по возачот кој користел незаконски сигнални уреди, таканаречени флешери, а потоа рекле дека возилото е владино и дека ја запираат потребата.
Дури и ако возилото било владино тие морале да поднесат пријава против возачот кој не запрел на полициската контрола.
Извори во МВР тврдат дека се прави напор одговорноста да се сведе само на полицајците но доказите со кои располагаат повеќе извори а кои веќе се доставени до повеќе организации, институции и странски дипломати покажуваат дека некој ,,од горе” дал наредба да се пушти синот на функционерот кој е член на владата.