Спасовски: Граѓаните можеле да почекаат вакцинацијата да почне кај нас

Во денешното гостување во радиото Канал 77, министерот за внатрешни Оливер Спасовски изјави дека граѓаните можеле да почекаат вакцинацијата да почне кај нас наместо да одат во соседна Србија.

„Тоа е право на личен на граѓаните. Сега почна вакцинацијата и кај нас и јас не знам после година дена справување со корона кризата, после година дена со спроведување на сите мерки, дека било кој од нас не можел да почека една недела за да биде вакцинирани овде, а да започне вакцинацијата“ – рече Спасовски одговарајќи на новинарското прашање дали му е непријатно или срам што се случуваше со тие гужви, “кога државата не може да ви обезбеди нешто, тогаш тоа си го барате во друга држава…“