Не само во Македонија туку и во државите во регионот, во последната година и половина имаме засилување на хибридните закани и напади, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ Шења.

„Такви се заканите и до училиштата, да создаваат чувство на страв. Но, тука државата покажа капацитет за да се сочува мирот и стабилноста.

Пораките што тука ги добиваме, односно училиштата, се исти со тие од регионот, во Хрватска, во Србија, во Црна Гора, во Босна и Херцеговина и други, дури и текстот е идентичен само на друг јазик. Тоа значи дека има еден центар на моќ кој сака овој регион да го доведе во ниво на неспокој.

Вчера, до 14.40 часот, во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп беа упатени закани за поставена експлозивна направа.