Спасовски доби помош за наоѓање на ,,мафтачот” на Голема Албанија, ќе биде ли уапсен ,,негов човек”? (ФОТО)

Влијателен профил на Твитер објавува фотографии, најверојатно изведени од полициското видео кое може да е направено и за време настанот на кое се вееше знамето со Голема Албанија.

Овие фотографии се објавени како помош за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој тврди дека веќе пет дена ги бара луѓето што мафтаа со знаме на кое македонска територија е ставена во мапата на Голема Албанија.

Според фотографиите Спасовски и МВР можат многу лесно да утврдат кој го нафта знамето а профилот кој ги објавува фотографиите тврди дека мафтачот е инспектор на МВР кој неодамна бил унапреден токму од министерот.

Видеото кое законски го прави МВР на сите јавни собири дава прецизна идентификација на сторителот затоа што тој е снимен со помош на камера која јасно му го оддава ликот и е чудно е како полицијата пет дена не може да го најде ,,мафтачот”, велат анонимни полициски извори во МВР.

Сите знаеме кој е човекот но засега нема наредба од ,,горе” истиот да се уапси, тврдат истите извори.

Во текот на денот Спасовски и МВР се очекува да дадат информација дали наводите на твитер профилот се точни и до каде е истрагата на полицијата за инцидентот.