Спасовски: Десет кривични пријави и 9 уапсени во акцијата „Двојник“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција соопшти дека кривични пријави добиле 10 лица а 9 лица се уапсени во полициската акција „Двојник“.

„Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица од коишто 9 се приведени и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното Обвинителство и надлежниот Суд“, соопшти Спасовски. 

Како што информираше Спасовски, истрагата за случајот со пасошите кои ги добиле над 200 лица со сомнително и криминално досие започнала 20 февруари 2019 година.