„Спасовски 5 дена после убиството кажува дека ја имаат снимката од убиството, откако целата јавност ја виде, а не објаснува зошто МВР два дена после убиството тврдеше дека немало насилство и информираше дека ракометарот не бил претепан“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ кој го обвинува министерот за внтарешни дека „ја замајува јавноста“ во врска со убиството на ракометарот Денис Тот.

„Спасовски ни малку не ја убеди јавноста дека МВР не го заташкува случајот, туку напротив.

Впрочем, Спасовски пет дена после настанот најави дека за едно од лицата се трага и дека после 5 дена „ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“?!

И реакцијата на МВР и ставовите кои МВР ги даваше за случајот говорат дека нешто се крие и се забошотува. Доволно Спасовски ја замајува јавноста. Затоа Спасовски треба да поднесе оставка веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.