Спасовски аплицирал за посматрач во европска мрежа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски чија земја се наоѓа на главната рута на бегалците кои доаѓаат во Европа сака да биде набљудувач во европска организација која се занимава со миграцијата.

Статусот на посматрач тој го побарал на состанок преку интернет.

,,На онлајн состанок на Европската мрежа за миграција ја изразив подготвеноста на Македонија за преземање на улогата на набљудувач. Стоиме на располагање да го споделиме нашето искуство, со цел креирање на успешна миграциска политика”, објавува Спасовски.