Лицето што го вееше знамето на собирот при посетата на Албин Курти на Тетово, не е вработено во Министерството за внатрешни работи, но неговиот идентитет е се уште непознат, изјави денеска првиот човек на МВР Оливер Спасовски.

„Имаме информации веќе кои ги прибираат колегите и од СВР Тетово и на ниво на Министерството. Јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице. Класификацијата секако е кривично дело, согласно со препораките што ги даде јавниот обвинител  и на основа на тоа ќе се преземат соодветни мерки“, рече министерот.

Според Спасовски, на собирот во Тетово имало и лица коишто не се македонски државјани, а доколку се утврди дека се работи за странски државјанин тогаш, како што рече, ќе се распише меѓународна потерница и ќе се активираат сите механизми за расчистување на овој случај, пренесе 360 степени

.