(…) За среќа, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, со сите слабости, во вакви моменти се покажува како клучниот одбранбен механизам за Македонија. Тој во голема мера е симетричен и не подразбира условување или уценување на било која од страните во договорот, туку упатува на обиди за изнаоѓање на заедничките точки од историјата на двете земји кои можат да помогнат во натамошно приближување и соработка на двата народи и на двете земји“, пишува апоранешниот амбасадор во Бугарија, Ѓорги Спасов.
Ако политиката е уметност во остварувањето на можното, тогаш бугарската страна набргу ќе сфати, како што веќе сфатија бројни интелектуалци од Бугарија, дека ставовите од рамковната позиција на Владата и од декларацијата на Собранието на Бугарија се бараша на невоизможното.
Без рамковната позиција и без декларацијата, Бугарија можеше и може да си ги застапува тие позиции во Комисијата за историски и образовни прашања, и да очекува напредок само под услов конечно да разбере дека Македонците останаа Македонци и го кодифицираа својот литературен јазик како македонски само заради способноста да се одбранат од обидите за асимилација, не само од Бугарите туку и од Србите и од Грците“, вели амбасадорот Ѓорги Спасов во напис за Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublika.