Едновремените заседанија на највисоките партиски тела на СДСМ и на Алтеранитива, закажани за вечерва, во двете партии се толкуваат како сигнал дека премиерот Зоран Заев ќе ја активира остaвката од претседател на партијата, бидејќи обезбедил парламентарно мнозинство, односно дека Алтернатива е пред одлука за влез во Владата, пишува „Слободен печат“.
„Заев утре и формално ќе ја поднесе оставката, а тоа значи дека верува оти има обезбедено мнозинство од најмалку 61 пратеник.
Надежите се дека парламентарното мнозинство дополнително ќе расте со четирите пратеници на Алтернатива“, вели за „Слободен печат“ висок функционер од кабинетот на премиерот.
Очекувањата на функционери од СДСМ се дека на Извршниот и на Централниот одбор на партијата повеќето членови повторно ќе се обидат да ја одложат оставката на лидерот, бидејќи сè уште нема мнозинство, што било аргумент на Заев дека останува претседател додека не го окрупни мнозинството.
Контрааргументот на Заев би бил дека обезбедил мнозинство и дека не отстапува од оставката, која се очекува вечерва да биде прифатена од Централниот одбор на СДСМ.
ЛИНК до написот на Слободен печат
