Од Обвинителството, за „Слободен печат“ потврдиле дека медицинската сестра која во два наврати беше фатена во кражба на цитостатици на Клиниката за онкологија, не се појавила на распитот на кој била повикана.
Истражните органи проверуваат дали таа е достапна, а според извори „Слободен печат“ таа била во – Германија.
За А.О. има две кривични пријави кои што Министерството за внатрешни работи ги поднесе до Обвинителството. Првата се однесува на кривичното дело кражба и е од 2020 година. Второто се однесува на кривичното дело „послужување“. И двете дела се за крадење цитостатици…
„Слободен печат“ објавува дека сигурно ќе биде подигнато обвинение против медицинската сестра, но ако не е достапна ќе ѝ биде суденово отсуство.
