Државниот завод за ревизија, кој анализираше како се одвиваат работите на  повеќе инфраструктурни проекти, со цел да се одговори на прашањето: „Дали јавните инвестиции што се финансираат со средства од заеми се реализираат на ефикасен и економичен начин?“ стави по лупа 11 проекти, а резултатот на анализата е катастрофален:

Земени се кредити, потрошени се 58 милиони евра само за камати, провизии и казни за неповлечени средства, а патиштата никаде ги нема.

Најкатастрофални податоци, како што се очекува, има за автопатот Кичево – Охрид. За овој автопат има два заема: еден од 505 милиони долари и еден од 179,7 милиони долари, или вкупно – 684,7 милиони долари. Досега се повлечени 382,6 милиони долари, што донеле разни трошоци од дури 38,6 милиони долари, објави Слободен печат