Африм Гаши вчера се сретнал со поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, а генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирие Ибрахими, за „Слободен печат“ ја потврди информацијата.

Средбата „ја откри“ независниот пратеник Кастриот Реџепи-Зејд кој објави фотографија со „прашање од милион долари што барал Гаши кај Заев“.

Гаши на „бацирака“ кај Заев во Струмица

„Средбата во никој случај не била за урување на Владата на Ковачевски. Владата ќе ја оставиме самата да потоне, оти и онака идната пролет ќе падне“, вели Ибрахими.

На средбата Гаши и Заев размениле мислења за политичките случувања во Македонија.