СП: Молк од американската амбасада и АНБ за пасошот на човекот на Путин што учествувал во урнисување на Бајден

Агенцијата за национална безбедност од американската амбасада во Скопје молчат за скандалот во кој 3 државни институции и владата издале македонско државјанство на човек кој е на црната листа на САД кој сакал да му ја уништи кандидатурата за претседател на Џозеф Бајден.

Процедурата за проверка на Онишченко во АНБ, како и за сите други баратели на државјанство, вклучува и сектор во Агенцијата за национална безбедност кој треба да контактира со стратешките партнери и оттаму да добие позитивно или негативно мислење за барателот на државјанството.

„Слободен печат“ вчера испрати прашање до Амбасадата на САД дали АНБ до нив испратила барање за проверка на Олександр Онишченко и дали нивните служби дале одговор и дали тој бил позитивен или негативен. Истото прашање го упативме и до директорот на АНБ Виктор Димовски. Одговори не добивме”, пишува весникот откако стана јасно дека владата на СДСМ и ДУИ издале пасош на соработник на Кремљ од каде пред македонскиот добил руски пасош.

Информацијата на Слободен Печат овде

Со издавање на пасошот македонската влада отишла контра администрацијата на Бајден и американските републиканци.

Повеќе детали за скандалот и судирот на СДСМ и ДУИ со Републиканската партија и Бајден

Ковачевски, Пендаровски и Груби му дале македонски пасош на руски агент што сакал да го уништи претседателот Бајден