Во земјава постои постапка за одземање на државјанство и доколку сака Владата тоа може да го стори и во случајот со Олександер Онишченко, лице по кое е распишана меѓународна потерница и кое се наоѓа на „црната листа“ на САД:.

Професорот на Правниот факултет по управно процесно право, Борче Давитковски, за „Слободен печат“ вели дека согласно законот за општа управна постапка, органот кој го донел актот за доделување на државјанство, а во конкретниот случај тоа е Владата, може согласно Законот да го поништи тоа решение и да го огласи за ништовно кога е очигледно повреден материјалниот закон.


„Со самото добивање државјанство, лицето станува граѓанин на Република с. Македонија и стекнува права и обврски. Согласно законот за општа управна постапка, органот кој го донел актот за давање државјанство може да го поништи тоа решение кога е очигледно повреден материјалниот закон, вели професор Давитковски во изјава за „Слободен печат“.