Советникот Нефи Усеини остана без тендери во Охрид

Охридското јавно претпријатие „Комуналец“ ги раскина  договорите склучени со фирмата „Нефи ИК“ на советникот од ДУИ, Нефи Усеини.

ТВ 24 обелодени дека советникот кој има нелегална пицерија до охридскиот чинар, аплицирал на тендерот за уривање на дивоградби во Охрид, по што реагираше Антикорупциската комисија која констатираше конфликт на интереси.

Фирмата на советникот Усеини имаше три договори со општината:

 -за одржување на депонијата Буково за 47.000 евра.

– за набавка на градежни материјали со ЈП„Нискоградба“ за изработка на бекатон плочки.

– за набавка на градежни материјали со јавното препријатие „Градски гробишта“.