Советник на Курти: Не може Ескобар да му кажува на премиерот на Косово што да прави

Советникот на премиерот Албин Курти, Елвис Хоџа, реагираше на изјавата на американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар, дека ќе се формира Заедница на српски општини (ЗСО) на северот во Косово.

Хоџа му пораша на Ескобар дека „премиерот е избран од народот и дека не му се покорува на пратеникот“, пренесуваат приштински медиуми, според Б92.


„Премиерот го избира народот. Некој назначува пратеник. Народот не се потчинува на пратеник“, напиша Хоџа на Фејсбук.

Хоџа изјави дека Ескобар мисли дека може да му постави услови на косовскиот премиер.

„Ескобар не увери за две прашања: Косово треба да влезе во дијалог за нормализирање на односите со Србија, но јас, Ескобар, пратеникот, можам да му поставам услови на избраниот премиер. Ви гарантирам дека нема да има Српска Република, само извинете ме додека одам да се поздравам со Додик“, иронично реагира Хоџа.