Советничка: Заев добил поддршка од Бугарија

До премиерот Заев стигнуваат мејлови од граѓани и јавноста во Бугарија со силна поддршка и надеж дека политиките на дијалог на премиерот и на Владата ќе донесат заедничко добро.

Оваа информација за јавноста без да открие детали колку луѓе точно го контактирале ја открива советничката на Заев за информативни активности Весна Ковачевска Трпчевска, која според медиумите за својата работа во кабинетот на Заев месечно е платена 55 илјади денари.

“Не смееме да дозволиме генерализации коишто никаде и никому не носат добро. Ние сме пријателски народи и уверена сум дека меѓу мнозинствата граѓани на двете земји има и разбирање едни за други и идентитетско признавање и почитување и желба за соработка во рамките на Европа, бидејки тоа ќе придонесе во квалитетот на живот во двете земји.

Впрочем стигнуваат и мејлови од граѓани и јавноста во Бугарија со силна поддршка и надеж дека политиките на дијалог на премиерот Заев и на Владата ќе донесат заедничко добро”, напиша советничката на премиерот во дел од својата порака до јавноста.