Советничка на Пендаровски контра владата за изборна мерка, Забрчанец не исклучува повлекување

Некогашна активистка на “Шарената револуција” и актуелна советничка на претседателот Пендаровски е против позицијата на владата за време на изборната кампања да се дозволи посета на домови на граѓани.

“Не смее да има ни одење од врата на врата”, пишува советничката за култура на Пендаровски, Искра Гешоска.

Таа реагира на изјавата на советникот на владата за комуникации Марјан Забрчанец кој првично порача дека не смее да има изборни митинзи за време на кампањата.

“Митинзи не смее да има!
Постојат куп други побезбедни, поефикасни и попаметни начини на комуникација со граѓаните. Митинзите одамна требаше да се исфрлат од политичката комуникација, сигурен сум дека ситуацијата со Ковид-19 оваа година ќе го гарантира тоа, напиша Забрчанец .

По реакцијата на Гешоска Забрчанец најавува дека оваа мерка која што ја најави министерот Филипче како владин предлог може да биде извадена од пакетот за избори.

“Тоа е сосема друга алатка, без масовност, но сигурен сум дека и тоа ако воопшто го има дека ќе биде под строги критериуми и согласно очекувањата на граѓаните. На крајот, политичко самоубиство е да одиш по врати ако нема фидбек од граѓаните однсосно ако тие ја одбиваат таквата комуникација”, одговара Забрчанец.