Алармантна е состојбата во текстилниот сектор, се затвораат не само мали, туку и големи фабрики, посочи Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Изминатиот месец во нивната канцеларија, но и телефонски имаат дневно над 20 јавувања од страна на работници, кои се консултираат дали да ги потпишуваат документите, кои им ги даваат работодавците. Ампева вели дека има работодавци кои незаконски им делат откази на работниците по основ на кршење на ред и дисциплина, по што ништо не им следува на работниците, но има и работодавци, кои ги запазуваат сите закони, па на работниците поради лошата финансика состојба им даваат откази поради деловни причини, а заминуваат со испратнини и добиваат паричен надоместок од Центарот за вработување.

– Деновиве имавме јавување од „Мода“-Свети Николе, добро е што работниците се јавуваат да прашуваат, дали е дозволено и што треба да потпишат, потоа што значи тој принуден одмор. Јас не мислам дека Ангел Димитров како член на Организација на работодавчи би си дозволил такви незаконити дејствија и гледам дека отприлика во ред се тие решенија, кои ги изготвуваат на работниците. Значи ќе им следи испратнина, соодветна согласно стажот во фирмата и потоа се пријавуваат во Агенцијата за вработување за да добиваат паричен надомест, вели Ампева.
Линк до целиот текст.