Сорос најавува Трета светска војна и крај на цивилизацијата

Руската инвазија на Украина се заканува да започне Трета светска војна, што може да значи крај на цивилизацијата. На ова предупреди американскиот финансиер милијардер Џорџ Сорос, пренесе весникот Гардијан.

Во жестокиот напад врз Владимир Путин и Кинескиот Си Џинпинг на Светскиот економски форум во Давос, Сорос предупреди дека автократските режими се во подем и дека глобалната економија оди кон депресија

Сорос, кој стана омразена фигура за тврдите десничари во САД, остро ја критикуваше и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за помирувањето со Москва и Пекинг.

Неговите изјави ја зголемија мрачната реторика во Давос, зголемувајќи ја загриженоста за војната во Украина.

Инвазијата можеби е почеток на Третата светска војна и нашата цивилизација можеби нема да ја преживее, предвидува Сорос.

„Инвазијата на Украина не беше изненадување. Светот се повеќе е вовлечен во борба меѓу два системи на владеење кои се радикално спротивставени еден на друг: отворено и затворено општество“, рече тој.

„Репресивните режими сега се во пораст и отворените општества се под притисок. Денес Кина и Русија претставуваат најголема закана за отвореното општество“, рече тој.

Според него, Европа добро одговорила на кризата предизвикана од руската инвазија.
Таа одговори на инвазијата на Украина побрзо, со повеќе единство и енергичност отколку во кое било време во нејзината историја“, рече тој. .

Сепак, тој предупреди: „Зависноста на Европа од руските фосилни горива останува прекумерна, најмногу поради политиката на меркантилизам што ја спроведува поранешната канцеларка Ангела Меркел.
Таа склучи специјални договори со Русија за снабдување со гас и ја направи Кина нај„најголемиот германски извозен пазар. Ова ја направи Германија економија со најдобри перформанси во Европа, но сега мора да плати висока цена. Германската економија треба да се преориентира. А тоа ќе потрае долго време“.