„Синот на филантропот Александар Сорос денес го посети првиот вицепремиер Артан Груби. Груби соопшти дека со Сорос разговарале за европската иднина на земјата.“ – објавија информативната агенција на албански јазик ИНА и ТВ 21.
Албанските медиуми пренесуваат: „Пријателска заедничка средба за актуелната политичка ситуација, за европската перспектива на земјата и на целиот регион со Александар Сорос, американскиот филантроп и заменик-претседател на Фондацијата ‘Отворено општество’. – напиша Артан Груби на својот фејсбук-профил.“
„Од објавените фотографии се гледа дека Александар Сорос за времена средбата со Груби шутира со фудбалската топка во мрежата на голот, кој се наоѓа во канцеларијата на Груби. Откако министрите на ДУИ објавија фотографии додека се рекреираа со играње фудбал во канцеларијата на Груби, тоа стана тема, за која имаше реакции во јавноста.“
Инаку, прашање е што го заинтересирала толку многу Александар Сорос „европската перспектива“ на Македонија, до толку што денес дошол да разговара за тоа со Артан Грби, па уште и да игра фудбал во луксузна канцеларија на овој висок државен функционер, се платено од македонскиот народ и другите граѓани на Македонија?! Сепак, Александар Сорос не е никаков „човекољубец“ – „филантроп“: тој не е нималку случајно дојден во овој момент во Македонија, туку има на ум сосема одредени политички цели!
Во Македонија веќе се дојдени денес потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и нивната главна цел е, всушност, да извршат најсилен можен притисок конечно да се промени Уставот на Македонија и во него да се внесе „државотворниот бугарски народ“!
На 18 март во Охрид треба да дојде и Габриел Ескобар, заменик-помошникот на американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен, заради средбата Вучиќ-Курти, но и тој највисоко во својата политичко-дипломатска агенда ја има ставено темата за уставните измени! Треба да се има предвид дека Ескобар го почести македонскиот народ со комплиментот дека е „Православен народ од * Македонија“.
Ескобар, Борел, Вархеи и Александар Сорос имаат задача да го вклучат на најјако „меѓународниот политичко-дипломатски булдожер“, заради дробење на отпорот на македонскиот народ против промените на македонскиот Устав, кои без никакво сомневање би имале катастрофални последици за Македонија како држава и за македонскиот идентитет, ако би се внеле великобугарската „санстефанска“ државотворна агенда и албанската државотворна агенда во највисокиот правно-политички акти на Македонија.
Александар Сорос во неколку наврати истапувал како лобист за интересите на Албанците, така што и „Фокус“ во својата информација со наслов „Александар Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија“, објавена на 20.10.2019 година, ќе го напише и следново: „Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон Албанците во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и * Македонија од Советот.’ – објави Александар Сорос на Твитер. Изјавата на Александар Сорос, син на Џорџ Сорос, основачот на Фондацијата отворено општество, следи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со Европската Унија. ‘Европа треба да се соочи со својата албанофобија!’ – додаде Александар Сорос. Тој не ретко ја посетува Албанија и објавува на фејсбук фотографии со премиерот Еди Рама.“
Во својата колумна со наслов „Валканите пари на Сорос не можат да го купат народот“, објавена на 27.5.2016 година на порталот на „Република“, Ненад Мирчевски им се придружи на тогашните жестоки напади во македонската јавност преку медиумите и општествените мрежи дека „Џорџ Сорос сака да ги уништи Македонија, нејзиното име, јазик и идентитет“ и оти „тој ја финансира платеничката ‘Шарена Револуција за уривање на Македонија“.
Во оваа колумна Мирчевски напиша: „Соросовите платеници – ‘шарените револуционери’ никако не можат да се помират со фактот дека со милионите долари валкани пари на нивниот газда никогаш не можат да ја купат поддршката на народот за насилно менување на власта, не можат на ниту еден начин да го оправдаат сојузот на Заев со структури, што заговараат промена на името, редефинирање на општествениот поредок и федерализација на државата.“
„Соросовите невладини организации им исплаќаат милионски суми на стотици активисти, што секојдневно ги гледаме како ја уриваат државата, ги сквернават спомениците и ги оштетуваат државните институции. Станува јасно за каква платеничка машинерија станува збор и колкави се нивните мотиви за ваквата агресивност.“
Подготвил: Свето Тоевски