Близок соработник на премиерот Заев кој за себе вели дека има потекло од Стариот Египет го прикажува првиот претседател на Македонија како калкулант кој се вклучил во борбата за македонска држава дури откако станало јасно дека Бугарија ќе капитулира.
Рубин Земон кој во владата е одговорен за концептот за мултикултурно општество во тврдење без никакви факти тврди дека Методија Андонов Ченто одбил да биде дел од партизанското востание и калкулирал се до 1943 година кога видел дека Бугарија ќе капитулира по што станал дел од НОБ.
“Се повеќе пропаѓаме во амбисот на “националните” истории…
Треба да се пишува и учи историјата на човекот, на движењата, идеологиите, не на нацииите!
Пред 1941 нашата територија беше слободна или окупирана од Кралството СХС? Пред 1912 нашата територија беше слободна или окупирана од Османлиите? Пред 1371 нашата територија беше слободна или окупирана од Волкашин, Углеша, Цар Душан, а пред тоа од Византија? Пред востанието на Комитопулите нашата територија беше слободна или окупирана од бугарските цареви?….Пред “склавините” беше ли окупирана од Ромеите?! Пред 4 век беше ли окупирана или слободна земја провинцијата Македонија од Римјаните? Територијата на Пајонците, Десаретите беше слободна или окупирана од Филип II Македонски?… И така нема крај се до пештерските луѓе!”, пишува Земон еден ден откако премиерот Заев објави дека треба да се брише придавката Бугарски пред “фашистички окупатори”.
“Во 1941 на 6 Април силите на фашистичката Тројна оска го окупираа и поделија Кралството Југославија. Мојата Струга беше во италјанската окупациона зона, а мојот Охрид во бугарската окупациона зона. Режимот беше фашистички. Антифашисти беа само комунистите во тоа време, кои биле малку, во илегала и често издадени од своите сонародници. Методија Андонов Ченто на 11 октомври не бил востаник и го одбил повикот на Кузман Јосифоски Питу да се приклучи во партизани иако живеел во Прилеп каде се дигнало востанието. Се приклучил дури 1943 кога видел дека фашистичка Бугарија ќе капитулира…”, пишува соработникот на Заев кој не пишува дека комунистите во 1941 биле Македонци.
Земон во владините кругови се споменува како кандидат за иден амбасадор на Македонија во Египет.
На реакцијата на Македонскиот активист Ицо Најдовски Перин дека не треба да го напаѓа Ченто затоа што тој бил во затвор во 1941 година (за македонски национализам) Земон вели дека не е тоа темата и објавува дека со потекло од Стариот Египет.
“Дебатираме за фашистичката окупација на Кралството Бугарија, врз териториата на денешна Северна Република Македонија од 1941-1943. Иначе тоа што сте мигрирале во Бугарија од ред причини, не ве прави поголем Македонец од мене, по потекло од Стариот Египет.
“Ице затвор беше до Март 1941, за време на Кралството Југославија. Востанието е 6 месеци подоцна, Кузман Јосифиски го повикал, тој одбил. Одлучил да седи дома…”, пишува блискиот соработник на Заев на фејсбук.
Во 2018 година Земон е назначен за посебен советник на претседателот на Владата на Република Македонија за развој на мултикултурното општество, интеркултурализамот и интер-културните комуникации. Од таа позиција ја иницираше и почетно ја водеше подготовката на владината Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот.
Во јануари 2019 година Рубин Земон е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија но во 2020 не стана член на парламентот.
Според информации од владата Земон сега чека на амбасадорска функција.