Неверојатно бизарна оценка на близок соработник на премиерот Заев, разузнавач и човек кој е најодговорен за мониторинг и функционирањето на системот за интегрирано гранично управување на Македонија.

Разузнавачот Владимир Пивоваров кој е еден од оние кои имаат морална одговорност за тоа што автобусот на Беса Транс стотици пати без лиценца ја напуштал и се враќал во државава сега бара индиректна вина во луѓето кои загинаа а според него требало да ги проверуваат дозволите за транспорт на фирмата.

“Вината може да се гледа и во граѓаните кои требале да ја проверат лиценцата на автобусот. Одговорност имаат и граѓаните како што имаат и институциите”, изјави Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување во емисијата „25 минути“ јави ТВ24.

Зборовите на Пивоваров е практично обвинување за изгорените патници дека имаат одговорност за сопствената смрт.

Разузнавачот не најавува дека ќе даде оставка за несреќата ниту за изјавата во која вината и алибито меѓу другото ги бара во тие што живи изгореа затоа што системот што тој го контролира не функцинирал.

Повеќе на ТВ24 и во видеото на 25 Минути

Фото и видео 25 Минути на 24 Вести