Екс министерот за надворешни работи и екс вицепремиер за европски прашања кој го потпиша Преспанскиот договор станал ,,Тинк Тенкер” (Think Tanker).

Овој атрибут Никола Димитров си го дал на својот официјален твитер профил на англиски јазик каде меѓу другото пишува дека е Think Tanker, веројатно во намера да објасни дека е член на некоја Тинк Тенк организација или организации.

Во светот општо прифатена дефиниција за Тинк Тенк е ,,Група или институција организирана за интензивно истражување и решавање на проблеми, особено во областа на технологијата, социјалната или политичката стратегија или вооружувањето”.

Во светот освен Димитров никој не ја користи фразата Тинк Тенкер за да се опише себе си.

Откако на брутален начин беше сменет од позицијата Вицепремиер и започна јавно вербално да се пресметува со своите екс партнери од СДСМ и ДУИ тој во медиумите даваше индиректни најави дека може да формира политичка партија.

Засега најавите за партија не се остварија но затоа потписникот на Преспанскиот договор самиот си ставил епитет на Тинк Тенкер.

По 27 години на високи функции во дипломатијата Димитров сега нема никаква функција а според реакциите на јавноста тешко е да се помисли дека би направил сериозен политички успех ако воопшто успее да собере 1000 потписи за регистрација на политичка партија.