Скопски велосипедист прегазен на пешачки премин спроти УЈП (ФОТО)

Скопски велосипедист завршил во Градската болница откако бил удрен од возило во движење на пешачки премин во центарот на Скопје во близина на УЈП.

Во инцидентот што се случил околу 14 часот денеска велосипедистот е пренесен во болница но според болнички извори не се наоѓа во животна опасност.

Според очевидци возачот на возилото кое го удрило велосипедистот на пешачкиот премин не го видел велосипедот по што дошло до инцидентот.

Од силината на ударот на возилото му е скршена шофершајбната односно предното ветробранско стакло.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Најчитани вести

Адвокат бара СВР Охрид да го гони само него наместо поддржувачите на уставобранителите