Ќе истражува ли Антикорупциската како мисија како партнерот на министерката за образование наплаќал многукратно повеќе за услуги кои општина Куманово ги плаќала многу поефтино.

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски на дебата во „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа околу изјави дека сопругот на министерката за образование Мила Царовска преку неговата фирма давал услуги за градинка од градот за неколкукратно поголема цена.

Тој не оркри за која кумановска градинка станува збор, но наведе дека е ангажиран за 7-8 пати поскапи цени и дека морало тој да го добие договорот.

„Кога ја споменавте Царовска. Не сакав да именувам по петти пат исти директор кој пет пати повеќе троши леб од касарната во Куманово. Сопругот на Царовска снима промотивни спотови во градинка за 7-8 поскапи цени од оние што ние ги плаќаме како општина. И тој мора да биде одбран“, наведе Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник е исклучен од СДСМ затоа што се кандидраше на новите локални избори со собрани потписи, а СДСМ го предложи Оливер Илиевски, со кого заедно дебатираа синоќа во студиото.

Видеото од дебатата

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1537470983256764/

Царовска засега не ги објаснува обвинувањата за својот сопруг.

Предходно сопругот на Царовска доби тендер од еден милион денари за снимање со дрон на скопската вегетација.

Нов интересен тендер, сопругот на Царовска со дрон ќе снима скопска вегетација за 1.000.000 денари