Сопруга на функционер во АНБ: “Пасоши за Мафија” е пострашна афера од прислушувањето

Сопруга на висок функционер во Агенцијата за Национална безбедност, во интервју за порталот Zoom.mk, тврди дека аферата со фалсификување пасоши за балканската мафија е поголема и од аферата со незаконското прислушување.

Професорката Фросина Ременски е поранешен пратеник и министер и сопруга на Јовче Ременски кој е шеф на одделот за контратероризам во АНБ.

“Многу поголема афера од следење на комуникациите на граѓаните, за кои беа изречени затворски казни пред еден месец. Биометриската документација, односно биометриските подароци на граѓаните, имаат највисоко ниво на заштита во сите земји на ЕУ и во светски рамки. Сега вие имате афера, систем во кој функционирал антисистем, и ние тоа го третираме како дека е џебна кражба и давамае да го работи Скопското јавно обвинителство“, оценува Раменски која е една од обвинителите во случајот меѓународен Сојуз на Боки 13 во интервјуто.

Таа смета дека истрагата треба веднаш да се врати во Обвинителството за гонење на организиран криминал, а Агенцијата за национална безбедност и Дирекцијата за заштита на лични податоци сериозно треба да го третираат скандалот на ниво на заштита на територијален интегритет.

Според неа, истрагата не смее да остане на ниво на административно лоцирање на одговорност на фотографот или контролорот што зимал отисоци на прст, туку треба да се види која е одговорноста на отсекот за персонализација за личните документи.

„Дали е фотографиран Седат Пекер, или е Џадан на сликата. Дали ја имаме на базата на податоци фотографијата на Седат. Дали Седат оставил отисок од прст или е отисокот на Џедан. Тоа се клучните прашања што ги разрешува отсекот за персонализација што се ноаѓа во секторот за информатика и комуникација во рамките на МВР, еден од најодговорните сектори на оваа постака за давање на биометриска документација“, открива професорката Ременски.

ЦЕЛОТО интервју на Ременски со видео на овој ЛИНК