Сопрен рускиот гас за Финска

Испораките на природен гас на Русија за Финска беа прекинати утрово, соопшти финската државна енергетска компанија „Гасум“, откако Хелсинки одби да му плаќа на Гаспром во рубли.

„Испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување со Гасум се прекинати“, се вели во соопштението на Гасум.

Во иднина, природниот гас ќе се снабдува од други извори преку гасоводот Balticconnector, кој ја поврзува Финска со Естонија.