Сообраќајка во Скопје: Се преврте возило на Брза помош

Возило на Итната медицинска помош со вклучени ротациски светла се преврте ноќеска на крстосницата на булеварите Водњанска и Св.Кирил и Методиј во Скопје, објави Скопјеинфо.мк.

Според информациите на порталот, со итната помош кон комплексот Клиники се превезувал пациент од Куманово. До несреќата дошло кога се судриле возилото на итната помош и автомобил.

Општата болница Куманово остана без возила објави Слободен печат, во врска со сообраќајната несреќа.

Другите две возила се на сервис, а за уште едно возило се очекува да заврши тендерската постапка и да биде набавено. Поради ваквата ситуација раководството на болницата ќе мора да позајмува амбулантно возило или од скопска брза помош или од друго место бидејќи моментално нема ниедно.

View this post on Instagram

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk)