Гужва, нервозни возачи, свирежи по скопские улици. Ваква беше сликата во главниот град кој се разбуди во сообраќаен хаос, поради блокадата на приватните превозници. Тие, во знак на револт, ги паркираа автобусите пред трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје. Приватниците јавно се извинија за сообраќајниот хаос, но велат ништо друго не им останува освен блокади со цел побрзо да си ги добијат нивните пари. Се жалат дека не кренале глава од телефон, за парите кои ги должат за гориво, за сервисирање, но и рати за регистрации.

Приватните превозници со душа ги чекаат парите од ЈСП, во висина од 1,5 милиони евра. Се жалат дека веќе три месеци се без денар во сред економска криза и се на раб да трпат и за леб.

За време на сообраќајниот хаос, граѓаните се приморани да кружат по други улици за да стасаат побрзо на работа, и се надеваат на позитивен епилог.

Инаку, останатите автобуси кои треба да поминат на улицата преку „Мавровка“ возат по други рути, а тоа создава дополнителна гужва и чекање на постојките. Ако нема решение на проблемот, приватниците најавуваат дека блокадите ќе се прошират и на другите булевари низ Скопје. Приватните превозници во јавниот превоз учествуваат со над 200 автобуси.