Сонцето од Кутлеш се појави на социјалните мрежи како дел од промоцијата на новиот член на најсилното германско фудбалско натпреварување ,,Бундеслига”.

Симболите на Античка Макеоднија ги носеше македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов кој настапува за клубот Шалке 04 од Гелзенкирхен.

Знамето со Сонцето од Кутлеш или како што во Грција го нарекуваат од Вергина на Чурлинов му ги мести навивач на Шалке 04.

Чурлинов е еден од најдобрите македонски фудбалери кој веќе три сезони настапува во германските фудбалски првенства.

Клубот Шалке 04 е клуб ,,побратим” на скопски Вардар а за него навиваат голем број Македонци во Германија и Европа.

Важи за еден од клубовите со најстрасни навивачи во Европа.

На фотографијата Чурлинов е фотографиран на последниот меч во втората германска лига откако Шалке 04 обезбеди влез во најсилното натпреварување во Германија.

Фотографиите ги објавува официјалниот Твитер профил на Шалке 04.