Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне.

Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер.

Утре се очекува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.