Кабелот што излегува од орманче за струја за кој јави денеска Тетово Сот е од домот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Продолжниот сомнителен кабел кој е приклучен на орманчето за струја кое може да го контролира само ЕВН е снимен во домот на Ахмети кој со фотографиите сакал да се пофали дека бил потпишан во рамки на пописот 2021.


Несвесен дека ќе открие можна незаконска ситуација Ахмети на сликите прикажува сомнителен приклучок на кабел во орманчето на ЕВН.

Зошто од орманчето за струја излегува продолжен кабел на кој може да се приклучат други потрошувачи треба да каже австриската компанија ЕВН која единствено може да има пристап до делот од орманчето каде се наоѓа сатот за мерење на потрошувачка на струја.

Според законот и правилата на ЕВН долниот дел од орманчето мора да е затворен и во него не смее да чепка никој освен овластени службеници на ЕВН.

Годишно во Македонија МВР пронаоѓа голем број на луѓе кои самоволно и незаконски отвараат во овој дел од орманчето и на диво се приклучуваат односно ги премостуваат струјните кола со цел да исклучат една фаза и да не плаќаат струја.

На барање на ЕВН и во случајот со Ахмети МВР ќе треба да го провери орманчето за струја за да утврди дали Ахмети правел незаконски работи со струјата од неговиот дом.

Поврзана вест

“Алоооо ЕВН”: Што бара продолжен кабел во орманчето за струја до Ахмети?