Солзите од последниот разговор меѓу Пандев и Мурињо (ВИДЕО)

По третиот и последен меч на македонската фидбалска репрезентација на ЕП 2020 во автобусот кој од Амстердам Арената ги носел фудбалерите во хотелот дошло до трогателен повик од Жозе Мурињо за Горан Пандев.

Во разговорот некогашниот трењер на Пандев, Мурињо му честитал за репрезентативната кариера и заедно се потсетиле на заедничките моменти во кои заедно со Интер ја освоија шампионската титула во лигата на шампиони.

До крајот на разговорот двајцата соговорници кои разговарале преку апликацијата Фејстајм на Ајфон а на крајот на емотивниот разговор и двајцата се расплакале.

Разговорот меѓу Пандев и Мурињо во автобусот го слушал и фудбалерот Бобан Николов кој открива дека и самиот пуштил солзи откако видел дека двајцата великани не можеле да ги скротат емоциите.