Турската полиција со солзавец ја растера денешната Парада на гордоста во центарот на Истанбул. Приведени се околу 20 лица, вклучително и фоторепортер, објавија локалните медиуми.

Ројтерс објави дека има снимки на кои се гледа како полицијата во целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножито, додека се собирале на настан на споредната улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

Турција е кандидат за влез во Европската унија веќе подолго време, но процесот на пристапување забавува со години поради напнатоста на низа прашања, вклучително и човековите права.

Во заедничкото писмо во четвртокот, повеќето водачи на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата против ЛГБТ заедницата во членката на ЕУ, Унгарија, чиј парламент минатата недела забрани дистрибуција на материјал за промовирање хомосексуалност или промена на полот во училиштата.