Комората на трговци од Солун ја одбила поканата да го придружуваат и да допатуваат во Скопје заедно со премиерот Алексис Ципрас за време на неговата прва официјална посета на земјава на почетокот на април.
Од Комората изјавувиле дека одлучиле да не учествуваат во никаква активност што се поврзува со соседната земја, се додека користи име што не ѝ припаѓа, изјави претседателот на Комората Михалис Зорпидис, пренесува РСЕ
Според него, Комората го прави ова во знак на протест и реакција кон политиката што не ги изразува интересите на грчкиот народ.
За нив „името на Македонија, која е само грчка, е свето“.