Соколов: Мијалков за ЕУ и НАТО колку Ескобар за демократија

По отворените напади на повеќе некогашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ врз актуелното раководство реакција на еден од членовите на партискиот централен комитет и еден од координаторите на партијата во дијаспората Иван Соколов.

Според Соколов кој во партијата е 3 децении зад нападите на Мијалков, Јанчев, Попоски, Рангелова и “осумтемина” врз Мицкоски и раководството на партијата стои Зоран Заев.

“Очигледно ваквите хорски напади кон ВМРО-ДПМНЕ, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски имаат еден диригент а тоа е Зоран Заев. Исто така очигледно е што ваквите напади доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ прави напори за обезбедување на мнозинство во парламентот што очигледно укажува дека мотивите зад сето тоа се шансите за тоа, мали или големи да бидат упропастени.

Клиентелистите во политиката и слугите на Зоран Заев служат за димна завеса да ги покријат неуспесите и да го отргнат вниманието од вистинските фијаска кои секојдневно и се случуваат во реалноста.

Убеден сум дека сите оние слуги на Заев уцените и клекнати на колена кои мора сега да одработуваат за него по кампањата добиваат име и презиме. Е сега вистинското прашање е каде беа овие три години да кажат збор за штетните политики на Заев, а во исто време се подготвени гласно да коментираат за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ”, пишува Соколов според кого за нив ова не е никаква борба за принципи, туку борба за спас на криминално стекнатото богатство и купување на слободата.

За него е интересно е како “доктор смрт” и “главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев.

“Имено ќе потсетaм дека господинот Мијалков со државна плата дојде до супер луксузен хотел во центарот на Скопје. Интересно е да одговори која е таа сила која му овозможува закрила и мистериозно ги става во фијока сите предмети кои се отворија против него?! Дали тоа што е најдобар другар со Вице Заев му овозмозува купување на слободата. И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под дирегентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе”, заклучува Соколов во пораката до јавноста во врска со нападите од Мијалков и други екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ.