Премиерот во оставка, Зоран Заев, вчера прими Повелба на Сојузот на Борците, за долгогодишен и успешен придонес во поддршката и соработката со Главниот одбор на Сојузот, и негово издигнување на достоинствено државно ниво.
Заев истакна дека е особено горд и благодарен што еден од неговите последни јавни настапи како Претседател на Владата е средбата со претставниците на Сојузот на борците.