Соиграч на Алиоски во Фенербахче го „реши“ домаќинот Катар на отворањето на мундијалот

Енер Валенсија со своите два гола уште во првото полувреме му донесе победа на Еквадор од 2:0 против домаќинот Катар на отворањето на Светското првенство 2022 во фудбал.

Соиграчот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во Фенербахче го отвори резултатот од пенал по 16 минути игра, а во 31. минута со удар со глава го запечати триумфот над дебитантот на мундијалите.

Во другиот натпревар од групата А утре ќе се сретнат Холандија и Сенегал.