Во Бугарија нема акумулација и распоредување војници на НАТО или на која било друга земја, изјави министерот за одбрана на соседна Бугарија, Стефан Јанев.
„Нема одлука на бугарската влада за ваков тип на движење, трупањее или распоредување на војници на НАТО на бугарска територија“, вели министерот, објави БГНЕС
Шпанија испраќа ловци во Бугарија поради ситуацијата во Бугарија
И Холандија ќе испрати ловци во Бугарија
Спшред Јанев „не се исцрпени можностите за дијалог во врска со руско-украинската криза. Јанев апелира малку да се намали тензијата, да престанат шпекулациите.
Според него, изборот на Бугарија да биде дел од НАТО е длабоко свесен и прагматичен.
„Ние во НАТО, како членка на НАТО, го даваме нашиот глас за поддршка на колективните одлуки, но во исто време имајќи ги предвид националните интереси и одлуките за нашите постапки, особено кога станува збор за војници, движење или било кое друго зборување за тоа што се случува на наша територија.
Ние сме прво одговорни да им објасниме на бугарските граѓани и да донесеме одлука која е свесна за сите потребни нивоа во хиерархијата на одлучување.
Во таа смисла бугарското Министрство за одбрана подготвува ваков тип на одлука , што наскоро ќе ја преземе и Владата“, рече Јанев.
