Маж во Софија е приведен бидејќи на Фејсбук објавил коментари кои не се во согласност со моралните и етичките норми, а во врска со тешката сообраќајна несреќа со автобус на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица, а уште 7 се повредени, соопшти бугарското МВР.
Материјалите се пријавени во Окружното обвинителство на Софија за кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање на омраза врз основа на националност преку информациски систем. ТВ21
Вчера медиуми реагираа на еден таков случај на јазик на омраза
