Бугарија до Советот за општи работи на ЕУ поднесе декларација за потребата од ефективно гонење и осуда за прекршоците од омраза од страна на властите во Македонија, јави известувачот на БГНЕС.

Советот на ЕУ вчера, 13.12.2022 година, ја повика Република Македонијама „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ во земјата.

Темата е дел од владеењето на правото и основните слободи, кои се клучен критериум за напредок во процесот на пристапување во Европската унија, се нагласува во декларацијата, јавува БГНЕС.

Со своите годишни заклучоци за политиката на проширување од 13.12.2022 година, Советот на ЕУ го потврди „францускиот предлог“ за прашањето за европската перспектива на РСМ, повикувајќи се на договорите постигнати од јули 2022 година.

Според тоа, Скопје треба да ги вклучи Бугарите рамноправно со останатите народи во својот устав пред да ја одржи следната Меѓувладина конференција со Европската унија.

Од Скопје се бара со добра волја да ги спроведе Договорот за добрососедство и неговите протоколи како дел од критериумите за напредок кон ЕУ.

Последно, но не и најмалку важно, Скопје треба да развие и спроведе Акционен план за гарантирање на правата на заедниците на својата територија, во кој се вклучени и Бугарите.

Токму во тој контекст повикот на Советот на ЕУ од вчера 13.12.2022 година РСМ за „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ во земјата.

Бугарската заменик-министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, изрази сериозна загриженост за зголемениот број на напади мотивирани од омраза насочени против граѓани на Македонија со бугарски идентитет, во врска со што беше презентирана и предметната декларација, јавува агенцијата БГНЕС.