Софија ја „потсети“ ЕУ дека не го признава македонскиот јазик

Министерството за надворешни работи на Бугарија, доцна синоќа објави декларација со која укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање од Република Бугарија на „македонскиот јазик“,

Изјавата доаѓа пред денешната Прва меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ со која почнуваат пристапните преговори во две фази – прво со скрининг на институциите, а откако бугарското малцинство ќе биде внесено во македонскиот Устав ќе почне отворањето на 34-те поглавја.

„Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако да не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на „македонскиот јазик“ се вели во декларацијата објавена од бугарското МНР.

Бугарија продолжува да се придржува до јазичната клаузула содржана во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во Скопје на 1 август 2017 година помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, за целите на билатералните договори/договори/меморандуми и други меѓу двете земји“, објави БГНЕС.