Европратеникот Андреј Ковачев од партијата ГЕРБ која според анкетите најверојатно ќе ја води идната бугарска влада реагира на изјава на претседателот Пендаровски во која тој воопшто не вели дека браќата Миладиновци се Македонци туку само дека се важни за македонската култура.

,,Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга.
Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас”, напиша Пендаровски во постот на кој реагира Ковачев кој се смета за еден од главните кандидатот за иден шеф на бугарската дипломатија ако ГЕРБ ја води идната влада.


Ковачев буквално му кажува на Пендаровски што ќе смее а што нема да смее да каже ако биде прифатена француската рамка со бугарските протоколи.

,,Ова треба да биде последниот пост што Стево Пендаровски и кој било друг официјален претставник на Македонија го пишуваат на ваков начин. Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главен, хоризонтален критериум за напредокот на Скопје на патот на преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја.
Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи. дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана – бугарски, а самите за Бугарите.
На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пенат од уста на спомнувањето на „Бугарите“, пишува во императивната порака која е упатена до Пендровски но важи и за премиерот Ковачевски и за сите други членови на владата.